Чоколаден ролат без печење

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 150g шеќер
  • 100g чоколадо за готвење
  • 85g маргарин или путер
  • ½ шолја сечкани ореви
  • 200g бисквити

По желба, може да додадете суво грозје и смокви исечкани на ситни парчиња.

Подготовка:

Во еден сад измешајте ги јајцата со шеќерот, додадете го искршеното чоколадо и маргаринот или путерот. Загревајте додека состојките не се стопат и соединат.

Смесата изладете ја, па во неа додадете ги оревите и издробените бисквити. Добро измешајте.

Ако смесата ви изгледа премногу кашеста, додајте уште малку бисквити.

На работна површина ставете целофан и на него изгмечете ја смесата. Обликувајте ролат и оставете го да се олади.

Може да користите и калапи за обликување на ролатот.

Исечете, послужете и уживајте!

 

Scroll to Top