Соленки со кашкавал

Потребни состојки:

1 кг брашно
1 прашок за печиво
1 чаша вода (200 мл)
1 чаша масло (200 мл)
1 маргарин (или путер)
2 лажички сол
2 јајца
200 г рендан кашкавал

Начин на подготовка:

Сите состојки се мешаат заедно и се замесува тесто кое би требало да отстои барем 2 часа. Правете различни облици или вадете форми со помош на чаша или калапи, па редете ги во тепсија. Премачкајте ги со жолчка, поросете ги со ким, сусам или семки од сончоглед и печете на 200 степени околу 15 минути.

Scroll to Top