На Балканот одамна постоело верувањето дека ракијата е доста лековита и дека понекоја чашка од тој жесток алкохол поволно влијае врз нашето здравје, како што и потврдија некои медицински истражувања. Имено, неодамнешни истражувања покажаа дека умереното консумирање алкохол ја зголемува концентрацијата на добриот, а го намалува нивото на лошиот холестерол, како и дека оние кои умерено го користат тој пијалак поретко оболуваат од кардиоваскуларни болести – инфаркт на срцето, срцеви болести, покачен крвен притисок и шлог.
Една чашка ракија ги лечи воспаленијата на внатрешните ѕидови на крвните садови во кои се наоѓаат масни наслаги, кои можат да предизвикаат пукање и срцев удар, а исто така го забавува создавањето на тромб и го забрзува неговото разложување, ако веќе постои.
При тоа под умерено пиење, се подразбира едно до две алкохолни пијалаци кои содржат 10 грама алкохол, што одговара на една кригла пиво, чаша вино или чашка жесток алкохол, со тоа што ова не им се препорачува на бремените жени.
Од друга страна, ако се зема почесто поголема доза алкохолни пијалаци, тогаш дејството е штетно, затоа што може да го оштети срцевиот мускул и да доведе до грчеви во периферните крвни садови.
Во случај на долгогодишно секојдневно пиење во поголеми количини, од 80 грама, или осум чашки ракија, може истото да доведе до здебелување и зголемување на срцевиот мускул, со тоа жените се поподложни на тие промени. Истовремено доаѓа до покачен крвен притисок и појава на артериска хипертензија.
Значи, ракијата навистина е добра, но само кога се пие умерено.