Фолк-пејачката Адријана Кеш со своите пријатели на Инстаграм сподели дека е на третман за подмладување. „Ботокс парти“ стои на кусото видео што пејачката го снима самата, а на кое ѝ ставаат ботокс со инјекција во челото.
За разлика од повеќето жени кои кријат дека одат на ботокс третмани или дека ставаат филери, Адријана јавно откри дека го подмладува лицето и ги намалува брчките.