Освен во срцата Тошо Малерот и на полиците – промовирана книгата на Васко Тодоров

Васко Тодоров, еден од најпознатите хумoристични телевизиски ликови, денеска во „Бифе Тафталиџе“ ја промовираше својата прва книга „Монологија“, која е во издание на „Арс Либрис“.

Во книгата на Тошо која почна да ја пишува уште зимата, се собрани најсмешните монолзи од времето на К-15 и од „Фчерашни“. Освен Тошо Малер,тој за публиката беше познат и како “батка“.

Една книга ѝ подари на неговата колешка од „Фчерашни“, Јована Аврамовска, која беше иницијатор на ваквата идеја.

„Идејата за книгата е беше на Јована. Ми рече, зошто не напишеш книга и јас си реков ова е добра идеја“, ни откри Тошо во интревју за Репортер.

„Од идеја до реализација! Легендарно четиво за македонската комедија. Конечно може Тошо Малерот освен во срцата да си го имаме и на полица. А посветата ќе си ја урамам“, вели Јованата за книгата на Малероот.

Тошо Малерот неодамна за „Репортер“ првпат прозборе за книгата што ја пишува. Тогаш ни откри дека книгата ќе ги содржи неговите најпознати монолози снимени со „К-15“, но и скечеви кои досега не се прикажале на телевизија.

„Убаво е во Австралија, ама мојот живот е тука“, искрено со Васко Тодоров

 

Scroll to Top