(Видео) Александар Трајковски постигна гол од 40 метри

Македонскиот фудбалер Александар Трајковски го даде најубавиот гол во кариерата за тимот на Ал Фајха во Саудиска Арабија. Трајковски шутираше прецизно прецизно од повеќе од 40 метри.

Покрај гол, тој и асистраше за голема победа на својот тим Ал Фајха, кој го победи Ал Фатех со 3:0. За потсетување, ова е негов трет погодок во сезоната. Од наредната сезона најверојатно покрај Роналдо, Трајковски ќе игра и со Меси во шампионатот.

Scroll to Top