(Галерија) Емилија Розман во трката за најхумана убавица

Поранешната Мис на Македонија, манекенката Емилија Розман веќе десетина дена престојува во Тајван каде се натпреварува на изборот за убавина „Глобал Черити Квин 2017“.

Ова е прв пат да се организира овој натпревар на убавина, а главна цел на организаторите е да го промовираат туризмот во Тајван. Девојките што се натпреваруваат ќе треба да ја покажат својата хумана страна на неколку настани. Тоа за Емилија нема да е никаков проблем. Таа со години членува во Црвениот крст на Република Македонија.

Изборот на најубавата хумана девојка ќе се одржи на 23 септември.

Scroll to Top