Бајки и басни од Македонија преведени и на јапонски јазик

Осум бајки и басни што се дел од изданијата „Бајки од Македонија“ и „Басни од Македонија“ сега се достапни и на јапонски јазик. Бајките „Момчето што се скри во златното јаболко“, „Вејко Северко“, „Двата цара“ и „Девојчето и дванаесет месеци“ и басните „Војската на лавот“, „Лакомата меца“, „Кучето и зајакот“ и „Жабата и зајакот“ добија и соодветна илустрација во јапонските изданија.

„Бајки од Македонија“ досега се преведени на седум јазици и на Брајовото писмо и се едни од најпродаваните книги за деца кај нас. .

„Фактот дека во ’Бајки од Македонија‘ отсега ќе можат да уживаат и најмладите Јапонци е најголемата награда за нашиот вложен труд, време и средства, но и најмоќен начин за ширење на македонската автентична култура низ светот. Продолжуваме со иста посветеност да создаваме нови успешни приказни“, вели Ангелка Пеева-Лауренчиќ од Извршниот одбор на Движењето за креативност Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“, кои се издавачи на овие книги, во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“.

Изданијата на јапонски јазик се дел од проектот „Град домаќин“, што го реализира Асоцијацијата за култура на градот Чагасаки.

Scroll to Top