Најпопуларни бои за маникир оваа есен

By

Нова сезона, нова палета на бои што ќе ја носиме како дел од нашиот маникир. Време е да ги оставиме зад себе пастелните и неонски нијанси, барем на неколку месеци, и да се посветиме на поинтензивните бои, потемни и пополни.

Оваа есен ќе владеат и мат и сјајните лакови, а меѓу нив се издвојуваат осум бои, кои во моментов се најбарани во салоните за убавина.

Црна боја

Црната боја е повеќе или помалку безвременска и се враќа во мода секоја есен, вклучително и оваа. Обично ја избегнуваме во текот на летните денови, но затоа уживаме во студените, есенските и зимските. Изгледа одлично на пократки, квадратни или полузаоблени нокти. Се разбира, можете да ја носите и на остри и долги нокти, но црната боја ќе изгледа помека и посуптилна на пократките нокти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Diogo (@paintedbyjools_)

Бакарна боја

Бакарната боја е, можеме слободно да кажеме, симбол на есента. Покрај тоа што во моментов е тренд меѓу боите за косата, таа е тренд и меѓу боите на нокти. По правило, бакарна боја треба да свети, а може да биде метална или со школки. Нашиот предлог оваа есен е бакарна боја со светки, која ќе ja носите на кратки, заоблени нокти. Но секако, ваше е да ја изберете нијансата и обликот на нокти што најмногу ви одговараат.

Тегет или морнарскосина боја

Темносината боја ќе биде актуелна оваа есен, но секако оваа мистична боја секогаш изгледа добро. Во нејзините тонови можеме да се изгубиме во неговите тонови и да се потсетиме на студените океани. Таа совршено се вклопува со топол, есенски стајлинг. Нема грешка со оваа нијанса!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GEORGIA RAE (@raelondonnails)

Виолетова боја

Виолетовата е женствена и мистична боја, која исто така ќе биде популарна оваа есен. Можете да се одлучите за некоја нејзина варијација, која повеќе влече кон црвеникавата палета на бои, во прашање е бојата на гнила вишна. И ладната и топла виолетова боја ќе бидат популарни, па на вас останува да одлучите која нијанса ќе ја одберете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Diogo (@paintedbyjools_)

Седефеста боја

Меѓу потемните бои кои ќе бидат во тренд оваа есен, ќе има и некои неочекувани светли бои, како што е атрактивната, седефеста боја којашто нè потсетува на внатрешноста на школките, бисерите и морето. Оние кои веќе носталгично страдаат по летните денови ќе уживаат во оваа боја. Исто така, добро оди со сите оние со потемен или исончан тен. Предлагаме да ја носите на кратки, квадратни или малку заоблени нокти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iram Shelton (@iramshelton)

Портокалова боја

Портокаловата боја, особено онаа која потсетува на бојата на карамела, е една од боите кои ја карактеризираат оваа есен. Брзо ќе ве маѓепса и ќе сакате да ја носите засекогаш, а нејзина голема предност е тоа што е крајно практична и лесно може да се вклопи со поширок спектар на бои коишто ќе ги носите како дел од аутфитот.

Темнозелена боја

Оваа боја ќе ги одбележи есенските денови, а притоа е и доста практичен и атрактивен избор. Доволно е блиска до црната, а сепак за нијанса е понеобична. Многу блогерки веќе почнаа да ја користат оваа боја за маникир.

Светлобеж боја

Друга светла боја која стана трендот оваа есен е светлобеж бојата, односно млечната боја на овесно млеко. Таа а е нежно, но упадливо освежување. Одлично изгледа на кратки нокти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Diogo (@paintedbyjools_)

Ќе ви се допадне

https://animeflv.uk anime sites

GoGoAnime: Psycho Diver: Soul Siren anime episode Full online free at https://gogoanime.be gogoanime one piece

AnimeDao Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro

Tune: https://tune.pk/user/gogoanimelol/about

Logobids: https://www.logobids.com/users/gogoanimebe