Избрани 50 Македонки што инспирираат

Агенцијата P World на Коста Петров пред меѓународниот Ден на жената, 8 Март, направи листа со 50 Македонки што инспирираат.

„Чест ни е да претставиме педесет (иако има уште неколку илјади), храбри, вредни и инспиративни жени од Македонија што нè инспирираат секој ден“, стои во пораката на организацијата.

На листата од 50 инспиративни Македонки се најдоа и дизајнерката Тања Кокев, пејачката Каролина Гочева, министерката Мила Царовска, актерката Јелена Јованова, новинарката на „Макфакс“, Кристина Озимец, специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи и други. Целата листа можете да ја видите ТУКА.

 

Scroll to Top