Столпчиња на тротоарот за да не може министерот за првада да паркира таму

По објавите дека министерот за правда , Билен Саљији , го узурпирал тротоарот, паркирајќи го возилото , Град Скопје постави столпчиња на тротоарот долж улицата „Даме Груев“, пред поранешен Мекдоналдс.

„На барање на граѓаните започнавме да поставуваме столпчиња пред Министерство за правда. Идната недела ќе го оградиме и остатокот од тротоарот на овој потег во центарот на Скопје“, информираат од Градот.

Министерот Билен Саљији вети дека повеќе нема да ја го узурпира тротоарот со својот службен автомобил.

Scroll to Top