(Видео) 12-годишната Марија ја препеа „Еуфорија“ од Лорин

12-годишната Марија Спасовска, која публиката ја знае по учеството во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“ ја препеа „Еуфорија“  од Лорин, со која Шведска победи на Евровизија. Нејзината изведба предизвика многу позитивни коментари и комплименти, а публиката е воодушевена од гласот и пеењето на Марија.

Марија оди во седмо одделение. Таа има издадено свое промотивно ЦД со седум соло песни. Доби награда за финалист од детска категорија во „Кастинг талент шоу“ и улога за мал ангел во првиот македонски мјузикл „Тајно моја“. Има освоено и две награди, двапати второ место на настапите во Минск, Белорусија и во Струга. Марија има добиено награда за трето место во Витебск, Белорусија, на Славјански базар со изведбата на песната „Црно и бело“ од Калиопи.

Scroll to Top