Се повлековме од проектот на Ивона Јо затоа што правеа притисок за финансиска поддршка за која од старт не се согласувавме, тврди Елена Лука

Пејачката Ивона Јо која неодамна ја промовираше нејзината песна „Буквално“, во поткаст кај Стефан Лазаров рече дека модната куќа на Елена Лука, кои и ветиле спонзорство и дека ќе застанат зад проектот со нивна дизајнерска облека, на само недела дeна пред промоција ја оставиле на цедило без објаснување.

Таа раскажа дека и покрај состанокот на кој се било договорено, Елена Лука иако не се појавила, ветила спонзорство под услов Ивона да го тргне својот дизајнер. Редакцијата Репортер уште вчера ѝ прати порака на Елена Лука, за да ни ја каже својата страна. Дури денес од тимот на Елена Лука добивме одговор за нивната страна на приказната, па велат дека дека не било вистина дека ѝ ветиле 10.000 евра.

„Во подкастот кај Лазаров, Ивона изнесе дезинформации дека ние како модна куќа сме ветиле, а не сме исполниле договор со кој наводно покрај дизајнерски костими за потребите на снимање на спотот, требало да обезбедиме и финансиска поддршка од 10.000 евра. Сметаме дека е коректно да се слушне вистината и нашата страна. На инсистирање на Ивона Јо, направивме неколку состаноци на кои на првиот за кој иако беше договорена директна средба со пејачката, таа не се појави и наместо неа, го испрати нејзиниот пијар тим. Целиот разговор за соработка која беше одобрена од модната куќа, се однесуваше само во однос на сценските костими за потребите на спотот, но не се согласивме на финансиска поддршка како наша обврска, која како пакет беше понудена во далеку помали суми, а не од 10.000 евра кои се спомнуваат во изјавата и за кои прв пат слушаме во подкастот. На следниот состанок побаравме детали за сценографијата, песната и идејата за видео записот, со цел да се понудат најдобрите решенија за сценските костими. Разговораваме само за сценските костими како обврска, но не и на финансиска поддршка. По завршувањето на состанокот, направен е дополнителен обид и инсистирање на финансиска поддршка за целиот проект, за кои уште од самиот старт не се согласивме и поради тој притисок решивме да се повлечеме, затоа што едноставно не бевме согласни, покрај костимите што по себе е сосема доволно голем импут и финансиски да го поддржиме. Нашето реноме како компанија, која со години наназад поддржува таленти во различни сфери на културата и уметноста, а особено млади артисти, е докажано и нема да дозволиме неосновано да се ремети таа вистина“, велат од модната куќа „Елена Лука“.

За потсетување, Ивона Јо  неодамна  ја промовираше својата песна „Буквално“. Пејачката имаше голема промоција на српски јазик пред бројни пријатели, колеги, медиуми и семејството.

Ивона Јо: Елена Лука се откажа од спонзорство недела дена пред снимање на спотот

 

Scroll to Top