Дилема на теоретичарите на заговор: Зошто „Гугл“ стави Х над Антартикот?
Луѓето опседнати со теории на заговор често се подготвени да се фатат за ситници за да ги поткрепат нивните често луди теории. Така, на „Јутјуб“ може да се види снимка од таинствен црвен знак „Х“ што се појавува на мапите на „Гугл“. Како што е објаснето во снимката, знакот се појавува кога корисникот ќе ја вклучи временската поставка на „Гугл ерт“. Тој знак се наоѓа над Антарктикот. Кога знакот се зумира, се чини дека покажува кон нешто, а оние кои се занимаваат со теории на заговор веруваат дека некој сакал да предупреди на нешто. Дали тоа е грешка или некој во „Гугл“ покажува дека Х означува некое место, се прашуваат авторите на видеото. Меѓутоа, луѓето во коментарите понудиле неколку логични објаснувања за овој знак. Мислам дека тоа е ознака за проблем со софтверот на кој треба да му се посвети внимание или кој е решен. Како коментар кој вели „поправете го ова“. Целосно можно и логично – напишал еден корисник, …
Дилема на теоретичарите на заговор: Зошто „Гугл“ стави Х над Антартикот? Прочитај повеќе »

















